Карл-Ентони Таунс и Њујорк Никс сè уште не се блиску до нов договор, иако центарот наскоро станува слободен агент. Клубот веќе му понудил продолжување вредно околу 200 милиони долари за четири сезони, но понудата не е доволна за да се затвори приказната.
Проблемот не е во тоа што Таунс сака да замине. Напротив, искусниот кошаркар сака да остане во Њујорк и е подготвен да направи финансиски отстапки за да го постигне тоа.
Разликата, сепак, не е мала. Според правилата на лигата, Таунс има право на максимален четиригодишен договор вреден дури 276 милиони долари, што значи дека актуелната понуда на Никс заостанува за речиси 76 милиони.
Просечната годишна плата од понудените 200 милиони изнесува педесетина милиони долари, бројка што за повеќето би била повеќе од доволна, но која во контекст на неговиот максимален потенцијал изгледа како сериозна жртва.
Двете страни се согласни дека сакаат да продолжат заедно, но се разликуваат околу тоа колку чини тоа продолжување.
Засега сепак и Таунс и клубот испраќаат ист сигнал, сакаат соработката да се продолжи, останува само да се договори нејзината цена.