Локален борачки настан во Мексико заврши со смрт на 75-годишен судија, кој почина на лице место откако еден од натпреварувачите го фрли на подот во текот на мечот. Инцидентот се случил во еден момент од дуелот кога борачот Хосе Анхел го подигнал постариот судија и го удрил од подлогата во рингот.

Човекот останал да лежи неподвижно, а наместо реакција, публиката во салата отпрвин останала рамнодушна. Голем дел од гледачите помислиле дека падот е однапред испланиран, дел од шоуто што го очекувале.

Падот на судијата се вклопил во таа слика, па минутите поминувале без некој да посомнева дека нешто тргнало наопаку. Алармот се огласил дури кога станало јасно дека неподвижноста не е гест на актер.

Судијата починал на самото место, пред очите на присутните, кои дотогаш веќе сфатиле дека гледаат вистинска, а не одиграна сцена.

- [sport1] Ужас во Мексико: Борач фрли судија на подот и - го усмрти на лице место (ВИДЕО)