„Најубави се очите, очите на мојата мајка“, стихот што ја дочека публиката во Загреб кога на паркетот се појави една дама со два дреса во рацете. Беше тоа мајката на Дражен и Александар Петровиќ, а дресовите што ги држеше ги носеа имињата на нејзините синови.
Сцената се одигра во салата што го носи името на Дражен Петровиќ, во вечерта кога домашната екипа го совлада Галатасарај во Лигата на шампионите во кошарка. Победата го враќа хрватскиот великан на европската сцена, но она што остана запаметено не беше резултатот, туку гестот од трибините.
Мајката на двајцата кошаркари ги подигна дресовите пред камерите, а над паркетот одекна познатата песна за мајчините очи. Моментот брзо се прошири низ социјалните мрежи, проследен со срциња и зборови на трогнатост од навивачите.
--- - [republika_sport] „Најубави се очите на мојата мајка“: Мајката на Дражен и Ацо Петровиќ со нивните дресови во рацете