Тројца службени лица од македонската кошарка привремено остануваат без ангажман откако дисциплинските органи им изрекоа суспензии поради пропусти во Суперкупот меѓу Куманово и МЗТ Скопје. Казните ги погодија судиите Боро Антовски и Никола Јакимовски, како и делегатот Зоран Николовски.
Одлуките се донесени по детална анализа, во која покрај експертскиот извештај беа прегледани и видео-снимките од дуелот. Најтешко помина Антовски, кој нема да суди на следните четири натпревари во сите лиги.
Проценето е дека неговото судење на натпреварот не било на потребното ниво, што и ја отвори вратата за суспензијата. На ист период неактивност е осуден и делегатот Николовски.
Кај него како причина се наведени пропустите во спроведувањето на одлуките, неуредното и нецелосно постапување, но и ненавремената и неправилна реакција во текот на натпреварот.
--- - [sport1] Делегат и двајца судии добија суспензии поради пропусти во Суперкупот