Поранешниот македонски репрезентативец, освојувач на три евролигашки титули и играч на Атланта Хокс во НБА помеѓу 2013 и 2015 година, во гостување на подкастот на Џао Мајл не ги криеше своите чувства кон Леброн Џејмс.
„Не можам повеќе да гледам НБА“, рече Антиќ без заобиколување. Главната причина за неговото разочарување е токму местото што денес му се дава на Џејмс во историските рангирања.
Според Антиќ, споредбите со Мајкл Џордан и Коби Брајант одат предалеку и ја искривуваат сликата за тоа каква беше, а каква е лигата денес. Антиќ знае за што зборува.
Поентата што ја провлекува е дека НБА се промени, и тоа не на подобро во неговите очи.
Токму затоа, вели, му станало тешко и да го гледа денешниот стил на игра.
Антиќ едноставно застана на јасна страна во таа дебата.
- [republika_sport] [Перо Антиќ: Леброн ја уништи НБА](https://republika. mk/sport/kosharka/pero-antik-lebron-ja-unishti-nba/)