Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, за првпат проговори за тешкиот период низ кој минала откако нејзиниот син бил изоставен од стартниот состав на Португалија во Лигата на нациите. Признава дека плачела и дека не ѝ било лесно да ги прифати настаните.
„Се чувствувам тажно. Но, тоа е нормално“, рече таа.
„Мојот син требаше да замине на голема врата, а не вака, на мала. Но, добро, Господ ќе се погрижи за сè.
Плачев, ги ослободив тие емоции. Мораме да го надминеме ова.
“ Според нејзините зборови, со Кристијано разговарала откако тој ја донел одлуката да се оддалечи од репрезентацијата.
Мајката, од своја страна, порача дека семејството се обидува да го надмине моментот и да гледа напред.
---