Тони Крос (36) размислува за нова авантура во фудбалот, овојпат од клупата. Поранешниот везен играч на Реал Мадрид и германската репрезентација, кој пред извесно време ја стави точката на играчката кариера, сега сака да се докаже како тренер.
Крос веќе презел и конкретен чекор. Тој ја известил Шпанската фудбалска асоцијација за намерата да го започне школувањето за тренерска лиценца, што е првиот формален услов за секој што сака да седне на клупата во професионалниот фудбал.
Враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од опциите за кои се зборува, овојпат не како играч туку во некаква улога на стручниот штаб.
Засега станува збор за намера и за први подготовки, а не за потпишан договор.
---
mk, topsport. mk