Ливерпул сериозно се зафати со доведувањето на едно од најголемите млади имиња во светскиот фудбал. На мета на англискиот шампион е Гилберто Мора, седумнаесетгодишниот мексикански репрезентативец на Клуб Тихуана, кому пристигнала понуда што во мексиканскиот фудбал нема преседан.

Станува збор за сума од 50 милиони долари, трансфер што би бил меѓу најскапите во историјата на тамошната лига.

Иако штотуку наполни седумнаесет години, тој веќе си изгради статус на првотимец и реден репрезентативец, нешто што во Мексико обично доаѓа многу подоцна.

Планот на Англичаните е преминот да се случи во зимскиот преоден рок, што покажува дека на Мерсисајд не сакаат да чекаат до лето и да ризикуваат во трката да се вклучат и други клубови.

Останува отворено прашањето како ќе реагира Клуб Тихуана.

mk