Обвинителството во Буенос Аирес побара затворски казни од четири до дванаесет години за медицинскиот тим што се грижел за Диего Армандо Марадона во последните денови од неговиот живот. Обвинувањата се однесуваат на седуммина здравствени работници, а на судењето беше изнесена тешка слика за условите во кои легендарниот фудбалер го поминал своето закрепнување.
Обвинителот Патрицио Ферари ги подели обвинетите во две групи. За тројца здравствени работници побара од осум до дванаесет години затвор, со квалификација убиство извршено со знаење дека постапувањето може да доведе до смрт.
За другите тројца бараната казна е поблага, од четири до пет години, по основ на убиство без умисла. Само еден од седумте обвинети е изоставен од барањето за затворска казна, лекар надвор од тимот кој го посетил Марадона само еднаш за време на фаталното закрепнување.
Според изнесеното, Марадона бил оставен во рацете на група неорганизирани аматери, а резиденцијата во која се опоравувал немала ниту најосновни услови за нега на пациент во таква состојба.
На судењето падна и тешка оцена дека од фудбалерот едноставно се ослободиле, оставајќи го напуштен и препуштен сам на себе.
---