По паузата за репрезентации, домашниот фудбал се враќа со деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, а едно од дербиите го носи соочувањето меѓу Шкендија Арачиново и Шкендија од Тетово. Мечот ќе се одигра на стадионот во Чаир, каде домаќините решија да не дозволат присуство на гостински навивачи.

Таа одлука предизвика остра реакција кај тетовската навивачка група. Преку објава на социјалните мрежи „Балистите“ најавија дека сепак ќе отпатуваат на натпреварот и дека имаат намера да влезат на трибините.

Според нивната порака, срамот од евентуалното недоаѓање би паднал врз домаќините, а не врз нив. Во истото соопштение навивачите додадоа и порака со провокативна содржина, нагласувајќи дека доаѓаат во, како што велат, „албански град“.

--- - [sport1] Арачиновци со забрана за тетовските навивачи на Чаир, овие провоцираат: Доаѓаме во албански град!