Германскиот првак Баерн има нова грижа, и овојпат не доаѓа од теренот. Преговорите за нов договор со Михаел Олисе запнаа, а баварскиот клуб сè повеќе стравува дека работите нема да се решат онака како што замислуваше раководството.

Францускиот крилен напаѓач е врзан за Баерн со важечка спогодба до 2029 година, што на прв поглед би требало да ги смири духовите во Минхен. Сепак, одличните игри што тој ги нижи оваа сезона целосно ја сменија сликата.

Во клубот сакаат да го наградат и долгорочно да го заштитат од интересот на европските гиганти, но Олисе поставил услов пред да стави потпис на подобрена верзија од договорот.

Токму затоа во Минхен владее нервоза.

Договор до 2029 изгледа комотно само на хартија.

---