Германскиот второлигаш Бохум воведе необична забрана за своите најверни навивачи. На источната трибина на „Рурштадионот“ отсега е забрането организираното, ритмичко скокање, движење кое со години е дел од атмосферата на домашните натпревари.

Поводот не се пиротехниката ниту инцидентите, туку физиката. Кога илјадници луѓе скокаат во ист ритам, конструкцијата на трибината почнува забележливо да се поместува.

Стручен преглед на објектот покажал дека токму тоа масовно, синхронизирано навивање создава силни вибрации кои се пренесуваат низ целата структура. Инженерите нагласуваат дека нема причина за паника околу безбедноста.

Стабилноста и носивоста на трибината не се доведени во прашање, конструкцијата ги издржува оптоварувањата. Проблемот е од друга природа, вибрациите стануваат толку изразени што кај дел од гледачите предизвикуваат непријатност и мачнина, особено кај оние што не се навикнати на таквото движење под нозете.

- [sport1] Германски клуб им забрани на своите навивачи да скокаат