Францускиот тенисер Теренс Атман наместо со тенис, вниманието на теренот во Шангај го привлече со испад што тешко може да се смести во рамките на професионалниот спорт. Дваесет и четиригодишникот го изгуби контролата врз емоциите во дуелот од воведното коло од квалификациите за Мастерсот, а сцените што ги остави зад себе брзо станаа тема на денот.
За време на натпреварот против Бернард Томиќ, Атман почна да удира по мрежата, а во еден момент фрли и рекет кон публиката. Снимките од неговото однесување веднаш се рашириле, а она што изгледаше како натпревар под контрола се претвори во хаос на терен.
Кулминацијата дојде во третиот сет. Во моментите кога Томиќ сервираше за победа при резултат 5:3, Атман одлучи предвремено да се предаде и воопшто не дочека дуелот да заврши на регуларен начин.
Така Томиќ помина понатаму со 6:4, 4:6 и 5:3, иако последните поени никогаш не беа одиграни.
--- - [sport1] Тенисер доживеа нервен слом на терен - удираше по мрежата и фрли рекет кон публиката (ВИДЕО)