ФИФА подготвува нов начин на кој ќе се прават замените на фудбалските терени. Светската федерација започна проект за дигитален систем за управување со менувањата во текот на натпреварите, со кој постапката што денес зависи од рачна работа на четвртиот судија треба да стане целосно автоматизирана.

Во срцето на новиот систем се електронските семафори. Тие сами ќе ги прикажуваат броевите на играчите што влегуваат и излегуваат од теренот, без потреба судијата покрај линијата да ги внесува рачно, како што е случај сега.

Засега станува збор за проект во развој, а не за правило што веднаш влегува во сила.

Ако тестирањата поминат успешно, гледачите на стадионите и пред телевизорите наскоро би можеле да забележат како броевите при замена се менуваат сами, без познатата слика на судијата што ги подига плочките покрај аут-линијата.

--- - [republika_sport] [ФИФА ги менува замените](https://republika. mk/sport/fudbal/fifa-gi-menuva-zamenite/), Република