Хоселу, нападачот што му донесе важни голови на Реал Мадрид како играч од клупата, го најде својот нов клуб. Шпанскиот фудбалер потпиша со Ал Сејлија како слободен играч и ќе носи дрес на овој тим до крајот на сезоната.
И покрај интересот од повеќе клубови во текот на летото, тој одлучи да не го менува поднебјето и да остане во Катар, сега во нова средина.
Неговото име им е добро познато на навивачите на Реал Мадрид. Во сезоната 2023/2024 тој беше дел од екипата што ја освои Лигата на шампионите, најголемиот трофеј во неговата кариера.
Хоселу тогаш влегуваше главно од клупа, но во клучни моменти знаеше да биде одлучувачки, по што доби и прекар „џокер“. Патот на овој напаѓач низ европскиот фудбал е долг и исполнет со многу дресови.
Покрај „кралевите“, тој настапуваше за Селта, Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес и Еспањол.
--- - [sport1] Поранешниот „џокер“ на Реал Мадрид најде нов клуб