ФК Скопје и ФК Вардар овој викенд ќе одиграат натпревар што ќе има и спортска и хуманитарна цел. Средствата собрани од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на навивач на ФК Скопје.
Двата клуба го најавија дуелот како нешто повеќе од обичен првенствен меч. Иако на теrenот се игра за бодови, организаторите потенцираат дека поводот ги надминува границите на спортот, повикот до публиката е да дојде на трибините и со купениот билет директно да помогне во лекувањето на болниот навивач.
„Овој викенд играме за бодови, но пред сѐ за живот и солидарност“, е пораката со која навивачите се покануваат на стадионот.
--- - [mkd_sport] [Натпреварот меѓу Скопје и Вардар ќе има хуманитарен карактер](https://mkd.
mk/sport/natprevarot-megju-skopje-i-vardar-kje-ima-humanitaren-karakter/)