Матијас Гидсел вечерва ѝ напомни на ракометна Европа зошто го носи епитетот најдобар играч на светот. Данскиот репрезентативец на Фуксе Берлин постигна неверојатни 17 гола во гостувањето кај Порто во Лигата на шампионите, со што практично сам го реши натпреварот што заврши со убедливи 40:32 за германскиот состав.
Со оваа бројка Гидсел го израмни рекордот за најмногу голови на еден меч во најсилното клупско натпреварување, достигнување што до сега беше резервирано само за неколкумина. Одбраната на португалскиот тим немаше одговор.
Данецот ги погодуваше вратата од сите позиции и од дистанца и од крило, и сам постигна речиси половина од головите на својата екипа. На полувреме Фуксе водеше со тесни 20:17, но во вториот дел постепено го скрши отпорот на домаќините и во неколку наврати стигна до осум гола разлика.
По шокантниот домашен пораз од Веспрем, Фуксе мораше да реагира за да не влезе во рана криза, а триумфот во Португалија ги врати на победничка патека и во горниот дел на табелата.
Претставата на Гидсел се вклопува во серија силни индивидуални игри на овие простори во последните денови. Само два дена порано, Филип Кузмановски, популарниот Фитиљ, постигна 15 гола за Пелистер во Полска против Вибжеже Гдањск во Европската лига, меч во кој битолчани извојуваа само реми.
---
mk, makfax. com.
mk