Џорџ Расел ќе мора да ја започне Големата награда на Сингапур од последната позиција на стартната решетка. Возачот на Мерцедес доби казна откако тимот го замени елементот на погонската единица и ја надмина дозволената сезонска граница.

Промената дојде како нужност. Моторот со кој Расел возеше во Малезија откажа при крајот на трката и го принуди Британецот предвреме да се повлече.

Истата таа трка го донесе и најлошиот можен сооднос во гаражата на Мерцедес, бидејќи Андреа Кими Антонели финишираше втор и предноста пред својот тимски колега ја зголеми на 84 поени.

Сингапур е улична трка каде престигнувањето е исклучително тешко, а стартот од дното практично го затвора патот кон врвот.

Мерцедес првично планираше замена на моторот дури за трката во Остин, со надградена верзија што доаѓа преку системот ADUO. Дали таа верзија ќе биде спремна навреме за Сингапур сè уште не е потврдено.

Ако не биде, Расел ризикува да собере нова казна подоцна во сезоната. Важно е дека санкцијата се однесува единствено на главната трка, која е на програма во недела во 14 часот.

Спринт-трката, закажана за сабота во 11 часот, останува недопрена, таму Расел ќе стартува според местото што ќе го извози во квалификациите за спринтот.

Разликата од 84 поени зад Антонели веќе изгледаше тешко совладлива, а старт од последното место на теренот каде претекнувањето е реткост само го продлабочува јазот.

Спринтот во сабота ќе биде првата вистинска проверка, а главната трка во недела тестот каде Расел ќе тргне од местото од кое најмалку сакал. --- - [makfaks], Големата награда на Сигапур Расел ќе ја започне од последното место