Мирот во соблекувалната на Реал Мадрид повторно е нарушен. Двајца фудбалери од првиот тим неодамна дошле до физичка пресметка на тренинг, а инцидентот открива дека вриењето во екипата не стивнало ни по враќањето на Жозе Мурињо на клупата.

Имињата на двајцата актери не се обелоденети.

Враќањето на Мурињо требаше да донесе ред и дисциплина, но засега португалскиот тренер не успеал целосно да ги смири судирите меѓу играчите. Атмосферата останува затегната во момент кога клубот од него очекува стабилност и резултати.

Тепачката доаѓа среде недели исполнети со контроверзии околу Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач беше во центарот на вниманието откако се повреди на дуелот меѓу Франција и Турција, а потоа беше забележан во ноќен клуб во Париз и објави снимки од возење велосипед во Швајцарија за време на закрепнувањето.

Таквото однесување предизвика остри реакции кај дел од навивачите и шпанската јавност. Самиот Мурињо застана во одбрана на својот играч и ги нарече обвинувањата смешни.

Тој отворено се пожали на третманот што клубот го добива во медиумите. „Очигледно, неговиот случај е поважен од Манчестер Сити или од тешката ситуација во мојата земја со Кристијано Роналдо и неговиот селектор“, изјави Португалецот.

Реал Мадрид утре го пречекува Виљареал во осмата рунда од Ла Лига, првиот натпревар по трinеделната репрезентативна пауза.

Тренерот ќе мора да ги затвори пукнатините во соблекувалната доволно брзо за да не се прелеат на теренот.

---