Фудбалот во Тетово е погоден од тешка загуба. Утрово тетовскиот клуб Тетекс потврди дека неговиот поранешен играч Даниел Николовски загинал во сообраќајна несреќа.

Младиот фудбалер имал само 21 година. Според соопштението на клубот, несреќата се случила изминатата ноќ.

Детали за околностите не беа изнесени, ниту пак за местото каде што се одиграла трагедијата. Од Тетекс се ограничија само на потврда на веста и на порака на сочувство до семејството и најблиските на Николовски.

Даниел беше дел од екипата на тетовскиот второлигаш до февруари оваа година.

--- - [press24_sport] 21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа, https://press24.

mk/21-godishen-fudbaler-na-teteks-zagina-vo-teshka-soobrakjajna-nesrekja/