„Најдобро е тоа што го работам она што го сакам и што сум успешен во тоа“, рече Ноле.

Србинот се навраќа и на почетоците. Се заљубил во тенисот на само четири години, а токму тоа чувство, вели, сè уште го движи на теренот.

„Сè уште го живеам својот детски сон“, додаде тој, свесен дека патот од детето со рекет во родната Србија до врвот на светскиот тенис бил сè друго само не лесен.

„Убаво е да се биде татко на две прекрасни деца и да се има толку убаво семејство“, рече тој.

--- - [mkd_sport] Ѓоковиќ: Благословен сум, не сакам за ништо да се жалам